Гумички

Испратил: Kristijan Panov | Категорија: Глупи

(56 , 267)

Си биле две гумички за бришење:
- Едната мачка, а другата кучка.

Слон

Испратил: марија | Категорија: Глупи

(63 , 147)

Зошто слонот e голем, сив и згужван?
- Па да беше мал, бел и рамен ќе се викаше аспирин.

Патики

Испратил: aleksandra | Категорија: Глупи

(79 , 219)

Едното другарче му се фали на другото:
- Види, си купив нови патики!
- Да? Колку ги зема?
- 100 евра, оргинал.
- А зошто пишува like наместо nike?
- Па од facebook ги купив.

Меридијан

Испратил: Меридијани | Категорија: Глупи

(68 , 117)

Се возат двајца меридијани во космосот на точак, едниот меридијан на другиот му вели:
- Абе толку години сме заедно и ќе ти кажам тајна, абе напоредник сум!

Опасно и неопасно

Испратил: vicotekamk | Категорија: Глупи

(145 , 37)

-Што е тоа мало зелено стои на гранка и е опасно??
- Гавран во зелен мантил со митролез пушка!

Што е тоа мало зелено стои на гранка и не е опасно?
- Истиот гавран во истиот зелен мантил на истата гранка со истиот митролез но без муниција!

Пубертет

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Глупи

(47 , 30)

Се шетале две гуми од формула 1 и по пат виделе крампонка и и рекле:
- Што бе пак пубертет?

Рака на срце

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Глупи

(24 , 42)

Софија станала американка. Ја сретнала Шер и и се пофалила. Шер и рекла:
– Сестро, рака на срце за тебе, рака на гз за мене!

Змеј

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Глупи

(79 , 31)

Зад седум мориња, седум езера, седум реки, седум планини, седум ридови, седум долини, седум извори живеел еден змеј. Едно сабајле се разбудил и си рекол:
- Па кај живеам јас у пичку матер!?
И ни пет ни шес ни седум ни осум летнал. И летал, летал, летал и слетал на некое место, џенем некаде. И си седнал на еден камен. Едно време поминал лавот.
- Што си бе ти?
- Како шо сум бе!? Па јас сум лав бе, цар сум!
- Ех царе царе говедаре, утре овде во 12:00 ќе дојдиш, ќе те јадам! Има нешто да прашаш, нешто нејасно!?
- Не, нема. -Исплашено подголтнувајќи рекол лавот.

[Повеќе...]

Секс

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Глупи

(44 , 15)

Си бил некој човек и жена му не му давала. Отишол на доктор и му раскажал и докторот му рекол:
- Ова е семе од едно ретко растение и расте за 1 година и расте само во Африка. Посади го во и кога ќе процвета собери ги семките и донеси ми ги и ќе ти кажам што понатаму.
Човекот отишол во Африка го посадил и една година го налевал со вода и последниот ден оди да ги собира семките и пред очи му поминува стадо слонови и му го гази растението. Тажен се вратил дома и пак отишол кај докторот овој пак му дал и човекот пак отишол и го посадил. Го полевал со вода 1 година и пак последниот ден кога оди пред очи му го газат и тоа растение. Пак се вратил тажен човекот и докторот рекол:
- Ова ми е последно растение и тебе ти го давам.
Го зел човекот го посадил, 1 година го налевал и за среќа кога отишол да го земе не му го изгазиле. Ги собрал човекот семињата и ги однесол кај докторот и овој му ги ставил во кутиче и му рекол:
- Сега кога ќе си одиш дома и кога ќе легнете да спиете ти истури го семето во креветот и стави го канчето на масичката и по некое време бутни го и кога ќе падне кажи и на жена ти да го земе и кога ке се наведне ти опни и го.

Трудност

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Глупи

(35 , 20)

На буквата Н и ѕвонат на врата. Отвара врата и буквата Њ му вика:
- Извини што не ти кажав толку време, ама ти си таткото!

Попот и детето

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Глупи

(31 , 20)

Некое дете отишло да го краде крстот во црквата и попот го видел и му вика стој, детето рипа ни прозорецот попот не знае да рипа. Вежбал вежбал и научил.
Следниот ден детето краде крстот попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трчи попот не знае да трчи. Вежбал вежбал и научил.
Следниот ден детето краде крстот попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трчи и попот трчи, детето се качува на дрво попот не знае да се качи. Вежбач вежбал и научил.
Следниот ден детето краде крстот попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трчи и попот трчи, детето се качува на дрвото и попот се качува на дрвото, детето слегнало од дрвото попот не знаел да слегне. Вежбал вежбал и научил.
Следниот ден детето краде крстот попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трчи и попот трчи, детето се качува на дрвото и попот се качува на дрвото, детето слегнало од дрвото и попот слегнал од дрвото, детето рипа во реката попот не знае да рипне. Вежбал вежбал о научил.
Следниот ден детето краде крстот попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трчи и попот трчи, детето се качува на дрвото и попот се качува на дрвото, детето слегнало од дрвото и попот слегнал од дрвото, детето рипа во реката и попот рипа во реката, детето почнало да плива попот не знаел да плива. Вежбал вежбал и научил.
Следниот ден детето краде крстот попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трчи и попот трчи, детето се качува на дрвото и попот се качува на дрвото, детето слегнало од дрвото и попот слегнал од дрвото, детето рипа во реката и попот рипа во реката, детето почнало да плива и попот почнал да плива, детето излегло од реката попот не знаел да излезе. Вежбал вежбал и научил.
Следниот ден детето краде крстот попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трчи и попот трчи, детето се качува на дрвото и попот се качува на дрвото, детето слегнало од дрвото и попот слегнал од дрвото, детето рипа во реката и попот рипа во реката, детето почнало да плива и попот почнал да плива, детето излегло од реката и попот излегол од реката и го фатил.
- Е ај сега кажи зошто толку време го крадеше крстот?
-Добро ќе ти кажам, но немој да кажеш на никој.
И попот не кажал на никој.

Превртен брод

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Глупи

(40 , 17)

- Ако на бродот имало 99 патници, колку останале кога се превртел во морето.
- Поим немам!
- Па 66!

facebook twitter dailymotion youtube rss