Скок

Испратил: Risto traktoristo | Категорија: Виц на денот, Лудница

(173 , 119)

Си биле двајца ненормални на стокатница и едниот му рекол на другиот:
- Е колку сакам да рипнам.
- Рипни, јас ќе те фатам.
Така и направиле и едниот чекал долe. Поминал човек и му го прашал што чека и овој му рекол:
- Еве го чекам другарот да скока да го фатам.
- Ти да не си улаф, ако го фатиш и тебе ќе те отепа.
- Не бе, прво ќе го оставам два три пати да скокне па после ќе го фатам.

Пилот

Испратил: vicotekamk | Категорија: Виц на денот, Лудница

(126 , 6)

Морало да ги пренесат лудаците до друга земја со авион затоа што немало каде да ги носат додека се реновира лудницата и сега во авионот: Влегува еден лудак кај пилотите и им вика Дај бе да го повозам малку авионот.
Пилотот: Како да ти го даам бе, од кај знаеш ти да пилотираш?
Лудакот: Кој не знае бе? И почнал да набројува: ова копче е за тоа, ова е за тоа, она за тоа и уште еден куп други.
Пилотот зачуден и му вика: абе ти стварно си знаел.
Па знам, што ти реков јас, дај сега малку..
Пилотот: Ок ке ти го дадам ама ако ги смириш оние твоите назад оти главата ми потече, цело време развикуваат назад.
Важи му вика лудакот и оди назад и се враќа по две минути а назад штама, ни глас не се слуша.
Пилотот: Добро бе што им направи што замолкнаа наеднаш?
Лудакот: Ехх.. што е лесно, ене им фрлив една топка надвор и сите заминаа да играат фудбал!!!

Бегалци

Испратил: vicotekamk | Категорија: Лудница

(73 , 14)

Си биле тројца лудаци и ги затвориле во една соба каде што нигде немало отвор.
И првиов лудак вика:
- Абе да имаше прозорец јас веднаш ќе избегав.
Вториов лудак рекол:
- Абе да пробам да избегам од WC школката, ама дупката е мала.
И третиов извикал:
- Сега јас ќе пробам да избегам преку клучалкава.
Се засилил и удрил со главата и паднал. Потоа првиов лудак му вели на вториов:
- Леле абе овој се утепа, сигурно стражарот го заборавил клучот!

Луле

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Виц на денот, Лудница

(53 , 10)

Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до еден мирен кој си седи под едно дрво. Прашува главниот од комисијата: добро, што се замислува оној под дрвото?
Управителот на болницата рекол, оди, прашај го. Оди овој, го прашува:
- Добро, што се замислуваш ти?
Лудакот му одговорил:
- Е па, знаеш јас сум луле!
- Како бе луле?
- Е па, стави ми тутун на главата и повлечи доле.

Нож

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Лудница

(126 , 7)

Во една лудница еден лудак го брка докторот со нож. Овој бегал, бегал, но на крајот се нашол во ќош и немал каде повеќе да бега. Лудакот му се приближил со ножот и му рекол на докторот:
- На сега ти бркаш.

Услуга

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Лудница

(46 , 13)

Некој лудак го прашува Доктрот:
- Докторе вие имате ли деца?
А Докторот му вели:
- Не, немам деца.
- А сакате ли да имате деца?
- Да сакам.
И од позадина некој лудак дофрла:
- Немајте гајле Докторе, сметајте дека работата е завршена, јас сум штркот.

Слонови

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Лудница

(45 , 18)

Си бил некој луд во лудница и чукал со рацете цело време… Дошла некоја жена и му рекла:
- Што правиш бе ти?!?
И овој рекол:
- Бркам! Бркам, бркам! Бркаам, бркам, бркам!
- Што бркаш?
- Слонови бркам! Слонови, слонови!
- Е кај гледаш слонови бе луд еден?!?
Лудиот плескал со рацете и рекол:
- E , кај гледаш бе, ги избркав сите!

Бегство

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Лудница

(88 , 4)

Се јавува некој во лудница и му вели на докторот:
- Докторе, ај види дали има некој во соба 15.
- Нема никој!
- Јеее сме избегале…

Џеки

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Лудница

(57 , 6)

Во лудница дошло време да им прават проверка на лудаците кој е за дома кој не е. Викнале еден, и докториве го гледаат по него на конец влече тенџере и го прашуваат:
- Што е тоа што го влечеш со тебе?
- Џеки бе, моето куче.
И го вратиле назад.
По 2 месеци го викаат пак, и тој повторно тенџерето врзано на врвца го влече позади него.
- Што е тоа што го влечеш?
- Џеки бе, кучето.
Повторно го вратиле назад.
По 2месеци уште еднаш го викаат и тој повторно тенџерето врзано на врвца го влече позади.
- Што ти е тоа што го влечеш со тебе?
-Тенџере бе тенџере, што може да е.
И го пуштиле. На излегување од лудницата, лудакот се врти накај тенџерето и му вика:
- Ќути Џеки ги излажавме…

Математика

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Лудница

(42 , 9)

Доаѓа доктор во лудница за да му направи тестови на пациентите. Кој ќе го одговори прашањето ќе му биде дадена отпусница. Најпрво влегуваат три пациенти:
Првиот го прашува:
- Колку се 2+2?
- 300.
- Фала, ајде назад во собата.
Го прашува вториот:
- Колку се 2+2?
- Вторник.
- Фала, ајде и ти назад во собата.
Третиот:
- Колку се 2+2?
- 4.
Докорот ја потпишува отпусницата и му вика:
- Среќно само… можиш ли да ми кажиш како го доби бројот 4.
- Полесно здравје! 300 – Вторник = 4!

Проба

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Лудница

(58 , 5)

Некој по грешка го затвараат во лудница и ги организира сите да бегаат. Кога веќе ја поминале оградата тој им рекол:
- Другари главната проба заврши ќе бегаме утре.

Конец

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Лудница

(38 , 7)

Доктор во лудница гледа како пациент влече конец со него и му вика:
- Па добро зошто го влечеш конецот?
- Па пробав да го буткам, ама не оди. – тажно одговорил лудакот.

facebook twitter dailymotion youtube rss