Влакна

Испратил: MagicGirl | Категорија: Образованиe

(10 , 2)

Учителката пишува со левата рака на таблата, а малиот Трпе зачудено гледа и одеднаш:
- Учителке па вие немате влакна под левата пазува.
Учителката мирно му вели:
- Трпе, спакувај ги твоите работи и оди си дома, за денес толку.
Утредента, на часот учителката пишува со десната рака и пак Трпе гласно го прокоментирал тоа што учителката нема влакна ни под десната пазува. Тука на учителката и пука филм и му вели да си ги спакува работите и да не доаѓа на училиште цела недела. По недела дена Трпе е пак на училиште.
Во еден момент на учителката и паѓа кредата на подот, таа клекнува да ја земе, а Трпе се наведнува да види каде се отркалала кредата. Потоа веднаш станува и почнува да се пакува.
Учителката го прашува:
- Каде ти, а?
Трпе, мртов-ладен:
- За мене оваа училишна година е завршена.

Дропки

Испратил: Елена Велкова | Категорија: Виц на денот, Образованиe

(95 , 87)

Малиот Трпе се враќа од училиште и Трпана го прашува:
- Сине што учевте математика?
А детево и вика:
- Земавме за дропки.
Ама не му било јасно за дропки и ја прашува мајка си дали може да му објасни.
- Имаш една пита и кога ќе ја поделиш на пола што ќе добиеш?
- Една половина!
- Точно, а кога ќе ја поделиш уште на пола?
- Една четвртина!
- Точно, а кога таа пита ќе ја поделиш уште на 125 делови што ќе добиеш?
- Ќе останат само трошки.

Училиште

Испратил: Hello Kitty | Категорија: Образованиe

(199 , 34)

Во училиштето научивме:
- Да џвакаме мастики со затворена уста.
- Да спиеме со отворени очи.
- Да пишуваме СМС-пораки без гледање во телефонот.
- Да се преправаме дека го разбираме секој збор што ќе го каже професорот.
- Да лажеме.
- Да се преправаме дека пишуваме.
- Да ги декорираме кориците на тетратките.
И кој тврди дека училиштето не е корисно?

Предавање

Испратил: Bate Vane | Категорија: Виц на денот, Образованиe

(228 , 14)

Двајца студенти прават муабет:
- Ќе одиме на кафе или ќе одиме на предавање?
- Ајде ќе фрламе паричка, ако остане во воздух одиме на предавање.

Собирање

Испратил: DebaCat | Категорија: Образованиe

(228 , 42)

Мајката го прашува првооделенчето:
- Колку е три плус четири?
- Седум.
- А колку е седум плус пет?
- Не знам! До дванаесет се уште немаме учено.

Етика

Испратил: АИППБТ | Категорија: Виц на денот, Образованиe

(206 , 12)

Професорот по етика им поставува прашање на своите студенти:
- Има ли право мажот да отвори писмо адресирано до жена му?
Еден студент одговорил:
- Има право, но нема храброст!

Бандит

Испратил: jocka | Категорија: Образованиe

(232 , 11)

Малиот Трпе касни на првиот час и учителката го прашува:
- Зошто касниш?
- Ме нападна еден бандит!
- Ииии! Што ти направи?
- Ми го украде домашното.

Географија

Испратил: Mariachi | Категорија: Виц на денот, Образованиe

(344 , 19)

Пред спиење малиот Трпе му се моли на Господ:
- Господе, те молам, од денес да направиш Прага да биде главен град на Финска.
Го слушнала Трпана и го прашала:
- Синко, каква молитва ти е тоа?
- Остави мајко, денес имавме тест по географија.

Зоолошка

Испратил: AcKo | Категорија: Виц на денот, Образованиe

(342 , 16)

Ги однела учителката учениците во зоолошка, и кога дошле до слонот малиот Трпе зачудено прашал:
- Учителке што му е она на слонот од метро и пол, а не личи на сурла?
Учителката за да не му каже што е тоа, му одговорила:
- Ма тоа не е ништо!
Се врти Трпе накај соучениците:
- Ви кажав дека е ороспија, метро ипол за неа не е ништо!

Не знам

Испратил: Давид Тофиловски | Категорија: Образованиe

(270 , 16)

Професор прашува студент:
- Кој е омилениот одговор на студентите?
- Не знам!?
- Точен одговор.

Негација

Испратил: Tito | Категорија: Образованиe

(253 , 30)

Наставничката го прашува малиот Трпе:
- Трпе, кој збор го користиме за негација?
- Курац!
Наставничката видно нервозна му одговара:
- Не е точно!
А Трпе:
- Курац не е точно!

Полагање

Испратил: Фикси | Категорија: Образованиe

(189 , 30)

Студент се јавува на испит, ја отвора својата ташна и од неа вади шест шишиња виски и ги реди на катедрата:
- Повелете, шест шишиња за шестка- му вели тој на професорот.
- Добро, ќе земам пет!

facebook twitter dailymotion youtube rss