Брзо возење

Испратил: Aleks | Категорија: Виц на денот, Полицајски

(77 , 14)

Полицаец сопира некоја госпоѓа која возела брзо:
- Госпоѓо, вашите документи!
- Ве молам не ме казнувајте, јас сум професорка.
А полицаецот и враќа:
- Е долго го чекав овој момент. Ајде сега на лист да напишете 1000 пати: „Никогаш повеќе нема да возам брзо“.

Инфаркт

Испратил: Александар | Категорија: Виц на денот, Полицајски

(107 , 5)

Полицаец се враќа порано од работа. Влегува дома и слуша чудни звуци од спалната. Влегува во спалната и ја гледа жена му како лежи гола во креветот.
- Што се случува?
- Ох, имав срцев удар, оди викај брза помош!
Полицаецот се стрчува и го среќава малиот син.
- Тато, чичко Цветко се крие во плакарот.
Полицаецот се враќа во спалната соба, го отвора плакарот и внатре го гледа својот сосед.
- Абе Цветко, жена ми умира, а ти играш криенка со син ми…

Станица

Испратил: Теодора | Категорија: Полицајски

(52 , 30)

Некој човек го прашува полицаецот:
- Извинете, знаете како да ја најдам најблиската полиција?
- Ех, тоа е лесно, прашај ме нешто друго!

Патриот

Испратил: KIKO_M :D | Категорија: Полицајски

(76 , 45)

Некоја жена продавала кондоми во трафика и била фатена како ги дупи со игла. Полицаец ја прашува:
- Зошто си ги дупела кондомите со игла?
- Бидејки сум патриот.
- Каква врска има тоа со патриотизам?
- Го зголемувам наталитетот на Република Македонија!

Полициско куче

Испратил: Наум | Категорија: Полицајски

(47 , 46)

Двајца полицајци возат куче на полагање. Патем стигнуваат поп и го земаат и му викаат:
- Ако положи кучево, ќе го направиме поп.
Попот слегол од колата и ги прашал:
- А, ако не положи, ќе остане полицаец?

Поп

Испратил: Наум | Категорија: Полицајски

(23 , 74)

Запираат двјаца полицајци поп да вози кола пијан.
- Попе, пред нас и право во станица.
Попот тргнал да оди пред нив и едно време им вели:
- Слушајте бре деца, на тие што им одам пред нив никогаш не се враќаат.
- Марш, да те нема од пред нас! – Му се развикале полицајците.

Пијан шофер

Испратил: Александар | Категорија: Виц на денот, Полицајски

(168 , 28)

Си вози еден пијан човек кола и наеднаш го запира полицаец и вика:
- Извинете господине, ве молам вашата возачка дозвола.
А пијаниот вика:
- Не знам кој сум, не знам што сум!
А полицацот вика:
- А ,знаете ли кој сум јас?!
- Ajдееее до кај дојде нашава држава, јас не знам кој сум, он не знае кој е…

Час

Испратил: Деки =) | Категорија: Полицајски

(130 , 21)

Полицаец запира лека кола и и вели на плавушата зад воланот:
- Добар ден. Документите ве молам.
- Зошто, господин полицаец?
- Затоа што возевте со сто километри на час во населено место.
- Каков час! Јас излегов од дома пред 5-6 минути!

Костум

Испратил: Васко | Категорија: Виц на денот, Полицајски

(112 , 14)

Полицајци се собираат во кафеана, и еден од колегите доаѓа во ултра модерен костум. Го заобиколуваат и го прашуваат:
- Од каде ваков костум и од каде најде пари да го купиш?
- Абе какво купување, подарок ми е.
- Аман бре, кој ти подарил вакво нешто?
- Жена ми. Се враќам вчера дома, таа ме чека гола во креветот, а костумот оставен на столот на спалната…

Брзо возење

Испратил: dimegos | Категорија: Виц на денот, Полицајски

(375 , 16)

Џандар запира кола заради брзо возење и му вели на возачот:
- Друже, те чекав тебе цел ден!!!
На што возачот му враќа:
- Да? Епа ево, стигнав најбрзо што можев.

Цреши

Испратил: Gogo | Категорија: Виц на денот, Полицајски

(339 , 35)

Влегува човек во полициска станица и на сет глас вели: вие полицајците се најглупи. На тоа се собираат сите полицајци и велат дека не е точно. Човекот им вели ќе ви поставам три прашања доколку одговорете точно не сте глупави!
1. Што е тоа мало црвено на дрво расте?
Сите ќутат, на никој не му текнува.
Човекот: цреша.
Полицајците: Дај нешто полесно!
2. Што е тоа две мали црвени на дрво растат?
Сите ќутат, на никој не му текнува.
Човекот: две цреши.
Полицајците: Дај нешто полесно не се зафркавај!
3. Што е тоа што ја влечи коњската кола?
Сите ќутат, само еден дига рака.
Полицаецот: Да не се ТРИ ЦРЕШИ?!

Име и презиме

Испратил: Polat4e | Категорија: Полицајски

(247 , 27)

Сообраќаен полицаец запира автомобил.
Полицаецот: Презиме?
Возачот: Чие?
Полицаецот: Име?
Возачот: Чие?
Полицаецот (замислено): Чие Чие… Кинез ли е, каков ли е…

facebook twitter dailymotion youtube rss