Благодарност
Македонскиот премиер решил да се прошета и да види како живеат обичните луѓе. Сретнал едно мало момче.
- Каде е татко ти?
- Отиде на работа со новиот автомобил.
- А мајка ти?
- Отиде на работа со стариот автомобил.
- А кој е дома?
- Баба ми, гледа телевизија на новиот телевизор.
- Гледаш ли момче, за сето тоа треба да сте ми благодарни мене!
- Бабо, бабо!!! Си дојде чичо од Америка!





