Најнови | Најдобри | Виц на денот

Државна тајна

Испратил: Дамјан | Категорија: Си биле...

(3 , 1)

Се натпреварувале Македонец, Американец и Русин кој подолго ќе може да зачува државна тајна.
И така прво го мачеле Американецот едно 10 минути и ништо, не издржал, им ја кажал државната тајна. Русинот го тепале 40 мин и на крај им ја кажал тајната.
На крајот Македонецот го тепале, го тепале цел ден тој никако да им ја каже тајната.
Вториот ден го ставиле во некоја соба метар на метар и му ги пуштиле најглупите турбо фолк песни на цел глас, и тоа не успеало, не ја открил тајната.
Третиот ден решиле да му ја честитаат победата, ја отвориле вратата од собата и го гледаат македонецот со прстот на главата како си зборува сам на себе:
- Сети се глупаку! Сети се… ќе те убијат!!!

Богатство

Испратил: Martin | Категорија: Виц на денот, Личности

(13 , 0)

Мујо и Хасо одат во казино. Сакаат заеднички да ги стават парите на рулет, но не можат да се согласат за број.
- Ајде вака, колку пати имаше секс изминатиов месец?
- Шест пати.
- Добро, јас осум. Ставаме на 14.
По вртењето, се добива бројот 2. По долга, мачна тишина Мујо му вика на Хасо:
- Да си бевме искрени, сега ќе бевме богати.

Влакна

Испратил: MagicGirl | Категорија: Образованиe

(10 , 2)

Учителката пишува со левата рака на таблата, а малиот Трпе зачудено гледа и одеднаш:
- Учителке па вие немате влакна под левата пазува.
Учителката мирно му вели:
- Трпе, спакувај ги твоите работи и оди си дома, за денес толку.
Утредента, на часот учителката пишува со десната рака и пак Трпе гласно го прокоментирал тоа што учителката нема влакна ни под десната пазува. Тука на учителката и пука филм и му вели да си ги спакува работите и да не доаѓа на училиште цела недела. По недела дена Трпе е пак на училиште.
Во еден момент на учителката и паѓа кредата на подот, таа клекнува да ја земе, а Трпе се наведнува да види каде се отркалала кредата. Потоа веднаш станува и почнува да се пакува.
Учителката го прашува:
- Каде ти, а?
Трпе, мртов-ладен:
- За мене оваа училишна година е завршена.

Valentine’s Day

Испратил: nickx500 | Категорија: Разно

(11 , 1)

Девојката срамежливо му вика на дечкото:
- Сонце за две недели ќе биде 14 Февруари знаеш ли што е на тој датум?
- Леле мила срце си, за малку ќе заборавев, ЛИГА НА ШАМПИОНИ!

Смртта

Испратил: Qur4o | Категорија: Виц на денот, Личности

(29 , 7)

Смртта дошла по Трпе, заѕвонила на врата и Трпе отворил:
- Добар ден, Трпе.
- Добар ден.
- Дојдов по твојата душа!
Трпе се свртел и рекол:
- Трпано, душо, те бара некој човек во црно!

Лозинка

Испратил: Fic | Категорија: Личности

(24 , 6)

Трпе ја прашува Трпана:
- Жено, случајно ти да не ја смени лозинката на компјутерот?
- Да, Трпе.
- Ќе ми кажеш која е?
- Да, датумот кога се запознавме.
Трпе удира по масата и вика:
- Кучка!

Набивање

Испратил: Kitty | Категорија: Виц на денот, Личности

(45 , 12)

Малиот Трпе оди кај Трпана и и вели:
- Мамо мамо, тато се заканува дека ќе се фрли од терасата!!
Трпана смирено му одговара:
- Оди сине и кажи му на тато да не се занесува. Мама му наби рогови, а не крила!

Наследно

Испратил: stojan | Категорија: Изреки

(16 , 46)

Вчера дознав дека децата се наследни. Ако татко ви нема деца, ќе немате ни вие!

Заболекар

Испратил: Mile | Категорија: Виц на денот, Разно

(21 , 78)

Забар прашува пациент:
- Како си го поминавте одморот?
Пациентот враќа:
- Ехи храмксј јсдлјас јлдкасјд лкасјдлк.
- Ееее, значи супер сте си поминале!

Навивање

Испратил: bla bla | Категорија: Виц на денот, Плавуши

(87 , 22)

Плавуша носи саат на поправка кај саатчија. Саатчијата ја прашува:
- Што е проблем со саатот?
- Не работи, изгледа батеријата е потрошена.
- Ама овој саат работи на навивање.
Плавушата излегла од дуќанот и почнала:
- ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ ПРАВО НА ТЕРАСА…

Златара

Испратил: Saven | Категорија: Виц на денот, Личности

(94 , 9)

Трпана му се јавува на телефон на Трпе и му се дере:
- Каде си ти идиоте??!!!
- Драга, ти текнува ли на онаа златарата каде ти се заљуби во едно ланче за кое ти реков дека еден ден ќе биде твое?
- Дааааааа, и?
- Е, јас сум сега во кафаната спроти златарата.

Фантазија

Испратил: T | Категорија: Изреки

(17 , 35)

Убавите жени се создадени за мажите кои немаат фантазија.

facebook twitter dailymotion youtube rss