Соништа

Испратил: mile | Категорија: Виц на денот, Изреки

(18 , 7)

Не се откажувајте од вашите соништа, продолжете да спиете!

Студенти

Испратил: laze stojanov | Категорија: Виц на денот, Образованиe

(58 , 26)

Си биле тројца студенти и умреле. Кога умреле отишле кај Св.Петар и тој му рекол на првиот:
- Каде студираш?
- Економски факултет.
- Ааа тоа е лесно, ќе одиш во пеколот.
Го прашува вториот:
- Tи што студираш?
- Медицина.
- Ааа тоа е тешко ти ќе одиш во рајот.
Го прашува и третиот:
- Ти што студираш?
- Електро.
- Ааа тоа е најтешко, ти ќе одиш во пеколот за да видиш што е рај.

Влошки

Испратил: Boni | Категорија: Виц на денот, Животни

(51 , 17)

Се шета лисицата низ шумата и го гледа зајакот цел во крв и му вели:
- Што ти е бе зајко?
- Остај ме лисо, мечката ме искористи како влошка.
Следниот ден повторно лисицата шета низ шума и овој пат го гледа бувот цел во крв и му вели:
- Што ти е бе бубо?
- Остај ме лисо, некој на мечката и рекол дека оние со крилца се подобри од обичните.

Пиење

Испратил: Горан | Категорија: Виц на денот, Личности

(98 , 20)

Цветко отишол на лекар и лекарот ги гледал резултатите од крвта на Цветко и му вика:
- Цветко, пиете ли?
- Па, може една водка, кога веќе прашувате.

Вдовица

Испратил: Баже Алексовски | Категорија: Виц на денот, Личности

(154 , 9)

Трпе и Цветко тргнале на скијање. Се возеле неколку часа и ги зафатило големо невреме. Се засолнале на некоја фарма и ја замолиле згодната госпоѓа
која им отворила врата, кај неа да преноќат.
- Знам дека надвор е големо невреме, но неодамна останав вдовица, па луѓето би можеле сешто да зборуваат ако ви дозволам да преноќите кај мене дома – рекла вдовицата.
- Немојте да се грижите, рекол Трпе, ние ќе преспиеме во шталата, а штом времето се поправи, ќе си одиме!
Жената се согласила и тие преспале во шталата.
Утрото времето се поправило и Трпе и Цветко си го продолжиле патот.
Остатокот од викендот го поминале уживајќи во скијањето.
Околу девет месеци подоцна, Трпе ненадејно добил писмо од некој адвокат. Му требало некое време да разбере дека се работи за адвокатот на згодната госпоѓа од фармата.
Отишол тој кај Цвеко па го запрашал:
- Слушај, се сеќаваш ли ти на згодната вдовица кај која што преспавме кога не фати невреме?
- Да, се сеќавам. одговорил Цветко.
- Дали ти можеби стана среде ноќ и ја посети госпоѓата?
- Па…да. – рекол Цветко, вцрвувајќи се бидејќи бил откриен. Морам да признам дека отидов кај госпоѓата.
- И да те прашам, дали случајно се престави со моето име наместо со твоето?
Цветко пребледел.
- Да, така се преставив – извини другар, зошто прашуваш?
- Неодамна починала и се ми оставила мене. – рекол Трпе.

Турци

Испратил: Илија | Категорија: Виц на денот, Разно

(193 , 20)

Пет века си имавме мака со турците, сега им го пуштиме Вучиќ, малце тие да видaт што е мака.

Фалење

Испратил: Рената | Категорија: Виц на денот, Си биле...

(144 , 13)

Се фалеле Французин, Англичанец и Цпногорец со своите жени.Англичанецот вели:
- Мојата жена има толку долги нозе, што кога ќе јавне коњ нозете и се влечат по земја. Не дека коњот е мал, туку нозете и се долги.
А Французинот:
- Мојата жена има толку тесна половина што можам да ја опфатам со два прста. Не дека мене пацете ми се големи, туку половината и е тесна.
Црногорецот:
-А мојата жена… Кога тргнувам на работа ќе ја плеснам по задникот, задникот и се тресе додека не се вратам од работа, не дека тој и е толку голем,туку толку ми трае работното време!

Фудбалери

Испратил: Martin | Категорија: Виц на денот, Разно

(242 , 26)

Роналдо: Јас го промашив пеналот.
Меси: Јебига, и јас исто.
Кака: И јас.
Рамос: Луѓе тоа не е ништо, јас го промашив стадионот!

Промашување

Испратил: Gjoko | Категорија: Виц на денот, Сличности/Разлики

(45 , 73)

Што е заедничко помеѓу клиторис, годишнина на брак и вц шоља?
- Машките секогаш ги промашуваат.

Домашна

Испратил: Бажо | Категорија: Виц на денот, Образованиe

(101 , 39)

Учителката му вели на малиот Трпе утре да дојде со дедо му.
- Зошто учителке баш со дедо ми?
- Па да му кажам дека син му ги греши сите домашни!

Грешка

Испратил: Мартин | Категорија: Виц на денот, Личности

(225 , 50)

Цветко врти на телефон:
- Ало!
- Да повелете.
- Дали е тоа Тетовската млекара.
- Не!
- Па тогаш што кревате?!

Погрешно

Испратил: Nikola | Категорија: Виц на денот, Разно

(174 , 22)

На некоја коктел забава, една жена и вика на друга жена:
- Зошто венчалниот прстен го носиш на погрешна рака?
- Затоа што се омажив со погрешен човек.

facebook twitter dailymotion youtube rss